Тод Боели потроши една милијарда долари на засилувања во Челси

Првата сезона од ерата на Тод Боели во Челси не донесе добри денови за клубот од „Стемфорд Бриџ“, напротив сезоната 2022/23 за „сините“ беше најлоша во последните 28 години, а за пласман во горниот дел од табелата не помогна ниту прешироката клупа составена од речиси 40 играчи.

Јасно беше дека клубот го чекаат огромни промени во ростерот, но ретко кој очекуваше „ребидлинг“ во видот на НБА екипа, „ребилиднг“ за кој американскиот газда со последниот ангажман на Моисес Каиседо веќе издвои една милијарда долари.

Летото 2022 донесе осум засилувања за „сините“ кои го чинеа клубот 308 милиони евра, засилувањата во зимата 2023 година 333.5 милиони евра, а досега Челси потроши 373.2 милиони за нови играчи.

Се вчитува...