Дуелот меѓу Ница и Анже ќе остане запаметен по најбрзиот црвен картон заработен во историјата на францускиот фудбал, откако домашниот дефанзивец Тодибо беше исклучен по само девет секунди игра. Гостите први тргнаа од центарот, со одлична акција се приближија до шеснаесетникот, а судијата процени дека Тодибо спречил шанса за гол и експресно му го покажа патот кон соблекувалната.
Фудбалерите на Анже знаеја како да ја искористат предноста од играч повеќе, па пред крајот на првото полувреме поведоа преку Бенталеб. Во 62. минута силите на теренот беа израмнети по црвениот картон што го доби Буфал, но Ница не успеа да стигне ниту до бод на овој дуел, што заврши со конечни 0-1.
Todibo red card pic.twitter.com/dRAQwQcYuH
— Job (@jobb024) September 18, 2022
Олимпик Марсеј и Рен ремизираа 1-1 на интересната пресметка на „Велодром“ на која гостите први поведоа со автоголот на Гвендузи во првото полувреме. Интересно, токму Гвендузи беше стрелец и на голот на спротивната страна, откако екс-фудбалерот на Арсенал најдобро се снајде по еден корнер и со удар го глава го израмни резултатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

