Тодор Тодороски потпишува за Партизани Тирана

Македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски е пред продолжување на својата кариера во редовите на албанскиот прволигаш Партизани Тирана.

24-годишниот десен бек кој изминатава сезона настапуваше за Сумгајт во Азербејџан се очекува наредниве денови и официјално да биде промовиран во дресот на албанскиот шампион Партизани кој ова лето е пред пласман во плејофот во Конференциската лига на УЕФА.

Тодороски покрај за Сумгајт во својата кариера претходно настапуваше и за словачки Серед, српскиот Раднички Ниш како и за хрватските прволигаши Шибеник и Осијек. Во македонските првенства има настапи за Кожуф, Металург и Вардар.

Се вчитува...