Македонскиот интернационлец Андреј Тодороски забележа нова асистенција во српскиот шампионат. На натпреварот помеѓу неговиот ТСЦ и Раднички Ниш тој го имаше клучното додавање за изедначување во ремито од 1-1.
ТСЦ беше во негатива од 50. минута од средбата пред Тодороски да асистира до Радин за гол кој донесе изедначување во 72. минута.
Македонецот имаше одличен натпревар, но беше заменет само две минути подоцна, а неговите соигрчи не успеаја да се изборат за целосен пресврт и три бода со кои ќе беа во подобра позиција за место кое води во плеј-офот по 16. одиграни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

