Тодороски од Спартак ќе направи трансфер во ТСЦ вреден 450.000 евра

Македонскиот фудбалски интернационалец, Андреј Тодороски ќе направи трансфер во српскиот прволигаш ТСЦ Бачка Топола.

Тимот од северот на Србија ќе му исплати на неговиот досегашен клуб, Спартак сума од 450.000 евра за услугите на македонскиот фудбалер.

Тодороски оваа сезона настапи на 19 натпревари и постигна шест голови, а претходно во кариерата играше за неколку тимови во Австрија.

Се вчитува...