Тодоров си замина од Пеќ

Ацо Тодоров повеќе не е тренер на Пеќ откако македонскиот стратег реши да ја прекине соработката со косовскиот претставник во БИБЛ. Екс-тренерот на МЗТ Скопје замина за Пеќ во најава за сериозен проект кој требаше да донесе битка за трофеи, но неисполнетите финансиски очекувањата беа причина за дел од кошаркарите да си заминат во текот на сезоната.

Самиот Тодоров пред неколку месеци накратко се повлече, но управата го убеди дека состојбата ќе се стабилизира, по што тој се врати на клупата на овој тим. Сепак, откако стана очигледно дека ситуацијата воопшто не се враќа во нормала, туку состојбата се повеќе се влошува, македонскиот стручњак се врати назад во Скопје.

Тој не го водеше тимот на реванш дуелот од полуфиналето во БИБЛ, во кое Пеќ беше елиминиран од Куманово, за потоа и дефинитивно да ја прекине соработката со косовскиот прволигаш.

Се вчитува...