Тодоровиќ: Горди сме на успехот, но Маџари не застанува тука…

Маџари дефинитивно е најпријатното изненадување оваа сезона во кошаркарската Супер-лига откако во дебитантската сезона во елитното друштво не само што обезбеди влез во плејофот, туку е на добар пат да влезе како четвртопласиран тим во доигрувањето за највисок пласман.

Младиот стратег Миодраг Тодоровиќ одлично го води тимот на Маџари сезонава, тој не го криеше задоволството откако во „дербито на Гази Баба“ убедливо го совлада тимот на Феникс, воедно и најавувајќи уште подобри изданија на својот тим во клучниот дел од сезоната.

„Честитки до моите играчи за денешниот натпревар, го испочитуваа сè она што го договоривме и во целост го прочитавме противникот и нивните слабости. Ова е победа која нè етаблира во првите шест на табелата и носи суперлигашка позиција – награда за целиот досегашен труд на стручниот штаб, играчите и клубот. Но, не застануваме тука. Имаме квалитет, енергија и хемија за уште повеќе. Голема благодарност до нашата публика – вашата сè поголема поддршка се чувствува на секој натпревар“, изјави Тодоровиќ.

Се вчитува...