Тодоровиќ ново име во стручниот штаб на репрезентацијата

Кошаркарската репрезентација на Македонија има и една рокада во стручниот штаб на самиот старт од подготовките за СП 2027, откако селекторот Марјан Илиевски реши да го вклучи Миодраг Тодоровиќ во тимот на асистенти во националниот тим.

Боро Даскалоски и Мирко Петревски остануваат дел од стручниот штаб, а Тодоровиќ доаѓа на местото на Боби Митев, кој неколку дена по промоцијата самиот реши да се повлече од функцијата.

Миодраг Тодоровиќ е млад тренер кој неколку сезони беше асистент во шампионот МЗТ Скопје, а ланската година при првиот ангажман како шеф на стручен штаб успеа да го внесе Маџари во Првата лига. Тој во последните години беше асистент во младинската репрезентација под водство на Никола Василев, потоа и кога селектор беше Боро Смилковски, а сега ќе добие шанса и во стручниот штаб на сениорскиот состав.

Се вчитува...