Екипата на Куманово го финишира ростерот за наредната натпреварувачка сезона, откако на листата на играчи кои остануваат во таборот на „сино-белите“ од денеска е и Миодраг Тодоровиќ.
Младиот бек лани немаше преголема минутажа кај тренерот Србиновски, но импресионираше со напорна работа на тренинзите, што беше доволна препорака за тој да остане уште една година, со надеж дека кај новиот тренер Игор Михајловски ќе добие повеќе можности за да ги покаже своите квалитети.
Конкуренцијата на неговата позиција е огромна ако се знае дека кумановци го задржаа Караџовски, а во меѓувреме доведоа и две засилувања од странство, Словенецот Абрамовиќ и Американецот Раме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА