Миодраг Тодоровиќ има причина за задоволство откако синоќа против Гостивар стигна до четвртата суперлигашка победа со Маџари.
Младиот стратег за противник го имаше Александар Петровиќ чиј асистент беше пред неколку години во МЗТ Скопје, тоа беше само мотив плус за Тодоровиќ, да го извлече најдоброто од својот тим и да стигне до посакуваниот триумф, изразен со конечните 78-64.
„Честитки до играчите за начинот на кој го одигравме овој натпревар. Од самиот почеток влеговме со јасна идеја, ја контролиравме играта и го наметнавме нашето темпо. Втората четвртина беше клучна за да ја преземеме иницијативата и да создадеме резултатска разлика што ја одржавме до крај.
Гостивар покажа квалитет, но ние останавме дисциплинирани и реагиравме зрело на секој нивен обид да се приближат. Момците одиграа тимски, концентрирано и целосно ги испочитуваа договорените задачи.
Задоволен сум од пристапот и од енергијата која ја прикажавме пред нашата публика. Продолжуваме со работа — ова е само уште еден чекор во процесот на градење стабилна и конкурентна екипа“, изјави Тодоровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

