Маџари е едно од најпријатните изненадувања во Супер-лигата оваа сезона, но скопскиот клуб претрпе убедлив пораз на домашен терен од Пелистер во рамките од 14. рунда во тлитното друштво.
Неколку дена по убедливата победа над Куманово, избраниците на тренерот Миодраг Тодоровиќ беа надиграни од битолскиот клуб, кој во второто полувреме успеа да се одлепи и на крајот да слави убедлива победа. Младито стратег е убеден дека овој пораз ќе биде искористен за да се извлече поука, па Маџари уште подобро подготвен да влезе во клучниот дел од сезоната.
„Не одигравме на нивото на кое можеме и тоа се виде на резултатот. Имавме премногу осцилации во играта и му дозволивме на противникот да ја преземе контролата со наша серија на грешки, особено во одбраната. Во нападот недостасуваше трпеливост и подобар избор на шут, а кога играте против ваков ривал, секоја лоша одлука се казнува. Имавме моменти кога можевме да се вратиме во ритам, но не бевме доволно дисциплинирани да го задржиме фокусот.
Ова мора да ни биде сериозна опомена. Ако сакаме да бидеме конкурентни, мора да играме со повеќе концентрација, цврстина и одговорност во текот на целиот натпревар. Ќе анализираме, ќе ги исправиме грешките и ќе излеземе посилни веќе на следниот натпревар“, истакна Тодоровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

