Тодоровиќ: Тимската хемија и пожртвуваноста се карактеристики на Маџари

Кошаркарите на дебитантот во елитата Маџари стигнаа до нова голема победа откако денеска на домашен терен славеа против Работнички со 87-80 во меч од 7. коло од новата сезона во Првата лига.

По натпреварот, тренерот Миодраг Тодоровиќ по мечот изјави дека и покрај проблемите со ростерот, тимската хемија и пожртвуваноста се тие што ја донеле победата.

„Знаевме дека мора да влеземе концентрирано и дисциплинирано во овој натпревар. Игравме со хендикеп од двајца играчи помалку, но тимската хемија и пожртвуваноста што ја покажавме вечерва целосно го надополнија тој недостаток во кратката ротација. Ги намаливме загубените топки од претходните натпревари, но овојпат имавме проблеми во ротацијата и дозволивме неколку лесни шутеви – јасен показател дека мора да продолжиме да работиме и да напредуваме преку тренажниот процес. Големи честитки до играчите, до мојот стручен штаб, и секако до нашите неверојатни навивачи кои од натпревар во натпревар се побројни на трибините. Победата над име како Работнички е уште една потврда за сè што го градиме во пристапот кон секој натпревар и амбицијата на КК Маџари како клуб“, изјави Тодоровиќ. 

Се вчитува...