Тодоровски не е повеќе тренер на Локомотива Градско

Второлигашот Локомотива Градско остана без тренер откако Диме Тодоровски поднесе оставка од функцијата шеф на стручен штаб. Тодоровски дојде на кормилото на тимот на почетокот на оваа сезона, откако екипата избори пласман во втората лига за првпат од постоењето.

Во првите шест кола од сезоната екипата оствари една победа, едно „реми“ и четири порази со гол разлика 5:11.

Тодоровски во минатото беше тренер и на Плачковица.

 

Се вчитува...