Тодоровски: Пелистер е секогаш предизвик за Вардар…, не не залажува неговата позиција на табелата

Денеска во 12. коло во ПМФЛ на програмата е вечното дерби во македонскиот фудбал, дуелот меѓу Пелистер и Вардар кој што е закажан за 17 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

И покрај тоа што, се чини, поради крајно различната ситуација во која се наоѓаат двата клуба, дуелот без „жар“ каков е препознатлив за двете екипа, сепак секогаш пресметката на „зелените“ и „црвено-црните“ привлекува повеќе од доволно внимание.

Се е подготвено за овој меч. Домаќините инспирирани секогаш кога Вардар пристигнува во Битола, а гостите пак секогаш со желба да освојат бодови во Битола.

„Нормално дека ова е посебен меч ако се гледа историјата, традицијата и се што двата клуба носат со себе. Секој играч сака да биде дел од вакво дерби, па нормално и јас. Се надевам на одлична атмосфера, на добар дуел, на се што меч со предзнак дерби носи со небе. Пелистер е квалитетен, неговата позиција на табелата не не залажува, напротив. Домаќинот е максимално мотивиран тоа го знаеме ние добро. Како што знаеме добро и за што е способен тимот на Вардар во моментов. Способен е да одигра на највисоко ниво кога е најпотребно, да покаже зошто е на самиот врв на табелата, зошто има амбиции да ја освои титулата… Ваквите дуели го носат оној „X“ фактор во себе кој што те носи и те тера да дадеш и 200% од силата. Се надеваме на поддршка секако и од нашите навивачи кои ќе пристигнат во Битола“ – вели првотимецот и еден од капитените на Вардар, Димитар Тодоровски.

Се вчитува...