Работнички денеска во последниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига од 15 часот ја пречекува во Скопје екипата на Струга ТЛ.
Димитар Тодоровски е свесен дека следи и тоа како значаен натпревар за „романтичарите“ кои веќе мора да освојуваат бодови ако сакаат помирен финиш на сезоната. Лош е пролетниот дел од сезоната за тимот на Гоце Седлоски, поради што ќе се атакува и на победа против стружани.
„Не очекува нов дуел со Струга Трим Лум. Покажавме дека можеме да одиграме квалитетно против шампионот во првото пролетно коло. Сега влеговме во третата фаза од шампионатот, секој натпревар е многу важен, а ние сакаме да се вратиме во позитивен ритам по двата порази едноподруго. Верувам дека ќе бидеме на ниво и дека ќе успееме да ја оствариме нашата цел“ – вели Тодоровски пред утрешната пресметка со лидерот на табелата.
ПРВА ЛИГА – 24. КОЛО
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ
ДЕНЕСКА
Кратово: СИЛЕКС – АП БРЕРА 2-1
Каланоски 51′, Игнатов 78′ – Ивковиќ 68′
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1
Лемос 18′ – Аганспахиќ 79′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 0-0
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
Велкоски 37′(п)
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА