Тодоровски: Шкендија веќе не смее да се расфрла со бодови

Доколку посакува активно да ја продолжи трката со Вардар за шампионската круна за тетовска Шкендија не останува ништо друго освен победа на денешниот дуел од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига против Победа во Тетово.

За тоа е свесен и десниот бек на тетовци, Благоја Тодоровски кој потенцира дека Шкендија веќе не смее така лесно да пропушта бодови до крајот на првенството, без разлика кој е противникот на спротивната страна.

„Знаеме дека Победа е добра екипа, без разлика што зборува бодовното салдо, и затоа не смее да има никакво опуштање. Сите екипи кои доаѓаат во Тетово играат со голем мотив против Шкендија, единствено концентрирани на одбраната и затоа можеби ни е некогаш потешко да го пробиеме тој бункер. Но, има голем мотив во тимот секој од нас да го даде максимумот на натпреварот. Не смееме повеќе да пропуштаме бодови, посебно со тие екипи кои се од долната половина на табелата. Мора да се одигра одговорно и да се стигне до победата“ – вели Тодоровски пред денешниот дуел под Шара.

ПМФЛ – 22. КОЛО (денеска, 14 часот)

Скопје: ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Охрид: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

 

Се вчитува...