Англиските сопруги вообичаено седат заедно на трибините за време на средбите од големите натпреварувања, но овојпат делегацијата на „гордиот албион“ се соочува со навистина несекојдневен проблем, бидејќи во ложата за оваа селекција мораше да се најде место и за сопругата и за љубовницата на ист фудбалер.
Десниот бек Кајл Вокер е играчот што им создава проблеми на Англичаните, откако на ЕП во Германија пристигна неговата сопруга Ани Килнер, со која асот на Сити има четири деца, но и љубовницата Лорин Гудман која минатото лето му го роди и второто дете на Вокер.
„Лорин е карактер што може да создава проблеми, затоа беше водена дискусија околу нејзиното место во ложата. Бепе договорено да биде оддалечена околу 100 метри од Ани Килнер. Ставот на Ани е јасен, не сака да има ништо со неа, не сака ни да разговара, но Лорин би можела да направи инцидент ако се најдат во близина. Затоа, обезбедувањето на англиската елегација будно внимава тие да не бидат една до друга“, изјави близок пријател на Кајл Вокер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА