Полни 16 години по неславното повлекување од Формула 1, во која како независен тим не забележа победа во осум последователни сезони, Тојота објави дека се враќа во најбрзиот циркус во светот.
Но, овој пат „само“ како партнер на тимот на Хас со кој ќе „споделат експертиза, знаење, информации и ресурси“, притоа обезбедувајќи технички и производствени услуги, како и иновации во областа на дизајнот на автомобили.
Јапонскиот гигант нема да го снабдува американскиот тим со нови мотори барем до 2028 година кога истекува договорот на Хас со Ферари. Моторите на Тојота ги придвижуваа болидите на различни тимови со голем успех во текот на 90. години на минатиот век, што доведе една од најголемите автомобилски компании во светот во 1999 година да помисли дека треба да се натпреварува самостојно.
Три години подоцна тоа се случи, но Тојота во осум сезони освои само 13 подиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА