Токио е град на чуда – И Бермудските острови до првиот златен олимписки медал во историјата

По неколку неверојатни резултати на не така спотски нации на игрите во Токио, стигна и првиот златен медал во историјата на Бермудските острови.

Малата земја која се наоѓа во Атлантскиот океан и има само 71.000 жители, во името на Флора Дафи стигна до првиот историски златен медал на Летните олимписки игри, откако триумфираше во триатлон трката во женска конкуренција.

Таа на убедлив начин со дури 1:14 минута стигна до златниот медал, пред Британката Џорџија Тејлор-Браун и Американката Кејти Заферис.

Претходно Бермудските острови на игрите имаа само една бронза, и тоа од Монтреал 1976 кога Клоренс Хил донесе медал во тешка категорија на боксерскиот турнир.

Се вчитува...