Неполни три месеци пред почетокот на Летните олимписки игри, гувернерката на Токио, Јурико Коике предложи продолжување на вонредната состојба во градот поради тешката здравствена состојба.
„Во врска со моменталната ситуација, ова е и повеќе од потребно“, изјави Коике.
Коике предложува ново двонеделно продолжување на вонредната состојба и по 11. мај до кога трае моменталната вонредна состојба. Гувернерката на Токио ги повика жителите на градот да избегнуваат контакт со други луѓе и ако можат да работат од дома. Во Токио кој ќе биде домаќин на ЛОИ од 23. јули до 8. август, потврдени се 591 новозаразени во последните 24 часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА