Толисо ги скина лигаментите на коленото, ќе паузира шест месеци

Германскиот првак Баерн Минхен останува без клучен играч во средниот ред на подолг период откако францускиот интернационалец Корентин Толисо заработи сериозна повреда на мечот против Баер Леверкузен. Тој ги скина лигаментите на десното колено и го очекува хируршки зафат и пауза од најмалку шест месеци. Ова секако е голем удар за тренерот Нико Ковач и амбициите на баварскиот тим, посебно во Лигата на шампионите.

Толисо треба да биде опериран во текот на денешниот или на утрешниот ден, а потоа ќе треба да мине низ неколкумесечен рехабилитациски период. Надвор од тимот на Баерн Минхен поради повреди се и Кингсли Коман и Рафиња.

Се вчитува...