Толку беше: Манчини не е повеќе селектор на Саудиска Арабија

Италијанскиот стратег, Роберто Манчини не е повеќе селектор на Саудиска Арабија.

Двете страни се одлучија на разделба откако Манчини во август 2023 година ја презеде оваа функција, изненадувајќи многумина во европскиот фудбал.

На вкупно 18 средби како тренер на Саудиска Арабија забележа само седум победи, учинок далеку од посакуваниот по што двете страни постигнале договор да ја завршат соработката.

Во секој случај, Манчини добро ќе ја наплати предвремената разделба со оглед на тоа што договорот му траеше до 2027 година.

Се вчитува...