Толку беше од Вуко Борозан во Загреб

Вуко Борозан беше најавуван како супер-засилување за тимот на Загреб, но откако црногорскиот бек не се појави на завршниот турнир на СЕХА-лигата стана јасно дека повторно постои проблем со поранешниот ракометар на Вардар.

Конкретна информација пристигна денеска, откако Загреб објави дека предвреме го раскинува договорот со „бомбардерот“ од Црна Гора. Челниците на Загреб во клупското соопштение воедно објаснуваат дека до раскинот доаѓа откако ракометарот не успеал адекватно да се подготви за новата сезона, по што управата и тренерот Обрван решиле да го отстранат од тимот.

Борозан неколку сезони со успех го носеше дресот на Вардар, но кариерата му тргна во надолна линија откако реши да го напушти македонскиот првак во периодот на најголема криза. „Црвено-црните“ само неколку месеци по неговото заминување ја освоија втората титула европски шампиони, Борозан потоа се пресели во Веспрем, таму не се прослави, по што извесно време мина и во тимот на Ал Араби.

Се вчитува...