Арсен Венгер е дефинитивно пред заминување од Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.
68-годишниот Венгер веќе е забрзано на излезна врата од клубот, по последниот срам кој го доживеа неговиот тим со елиминацијата од ФА Купот и убедливиот пораз од чемпионшиплигашот Нотингем форест.
Венгер и претходно самиот веќе размислувал за повлекување, а последниот пораз само го забрзува очигледно сето тоа. На негово заминување, наводно, сега веќе инсистира и раководството на „топчиите“.
Според пишувањата, Венгер самиот ќе го одбере неговиот наследник на клупата на Арсенал на која беше повеќе од две децении. Наследникот најверојатно ќе биде поранешниот фудбалер на Арсенал, Микел Артета кој моментално е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.
Арсен Венгер на клупата на Арсенал е од 1996 година. Освои три шампионски титули во Англија, последната во 2004 година, како и седум титули во ФА Купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА