Баерн Минхен ја одреди висината на отштетата за Садио Мане која изнесува 20 милиони евра.
Мане минатата година пристигна во Баерн како големо засилување од Ливерпул, требаше да го замени Полјакот Роберт Левандовски, но имаше лоша сезона одиграувајќи 38 натпревари со постигнати 12 гола во сите натпреварувања за минхенскиот клуб.
По мечот во Лигата на шампионите со Манчестер сити во соблекувалната и го удри соиграчот Лирој Сане, па потоа беше јасно дека на него нема да се смета за следната сезона, и покрај тоа што самиот Мане неодамна изјави дека нема намера да го напушти шампионот на Германија.
Германските медиуми тврдат дека токму поради тоа Баерн Минхен определил „симболична отштета“ од 20 милиони евра како репрезентативецот на Сенегал што побрзо би го напуштил клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

