Партизан ги загуби и теоретските шанси за место во плеј-ин разигрувањето во Евролигата откако во 33., претпоследно, коло загуби на гостувањето од Жалгирис во Каунас со 70-66.
За Жалгирис апсолутно ништо не значеше овој натпревар поради од поодамна загубените шанси за плеј-ин, а за Партизан пак значеше последна надеж со победа да остане во игра за едно од првите десет позиции на табелата. Но, „црно-белите“ одиграа уште еден едноподруго меч под нивото на крај за пораз во драматичен меч.
Првото полувреме мина максимално израмнето со предност на Партизан во текот на двете четвртини за да се замине со гостинска предност од 35-40 на полувреме.
Но, во вториот дел очајна игра на гостите во третата четвртина која заврши со 14-9, за да на крај Жалгирис победи со 70-66.
Најефикасни кај Жалгирис беа Франциско со 15 поени и токму поранешниот „партизановец“, Ален Смајлагиќ со 14 поени, а кај Партизан најдобар беше Карлик Џонс со 23 поени и три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА