Толку од забраната, пак ќе се игра фудбал во Грција

Забраната за фудбалски натпревари во Грција што беше изречена од Владата на оваа земја денеска е стопирана, па шампионатот на јужниот сосед ќе продолжи претстојниот викенд.

За потсетување, првата лига беше стопирана по прекинот во финишот од мечот ПАОК – АЕК, кога газдата на ПАОК, Иван Савидис влета на теренот носејќи огнено оружје со себе. Постапките против ПАОК и против Савидис се во тек, но во меѓувреме беше донесена одлука шампионатот да продолжи.

Како што пренесуваат грчките медиуми, шеснаестте прволигаши постигнале договор да ги почитуваат мерките што од нив ги побара Јоргос Василијадис, заменик-министерот за спорт на оваа земја. Овие мерки вклучуваат автоматско испаѓање од лигата на клубот кој три пати во една сезона ќе има проблеми со насилство, како и казни за клубовите чии челници со своите изјави повикуваат на насилство.

Исто така, екипите целосно ќе ја преземат одговорноста за безбедноста на натпреварите што ќе ги организираат, а полицијата отсега ќе биде присутна на стадионите за да спречи слични инциденти.

Се вчитува...