ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Македонија не успеа да стигне до триумф над Исланд и повторно да се пласира во втората рунда од едно големо натпреварување, откако по денешниот пораз нашите ракометари го освоија четвртото место во групата. До пред две години и овој пласман ќе беше доволен за осминафинале, но промената на системот на натпреварување ги замрси сметките.
Факт е дека европските репрезентации се добиваат само со константно добра игра, без премногу осцилации и „падни-стани“ ситуации, кои беа наш заштитен знак на овој Мундијал. Ние вечерва против Исланд имавме многу проблеми кои 30 минути ги надминувавме, во нападот „продававме“ топки, но сепак имавме водство. Кога одбраната за момент затаи се појавија проблемите, не функционираше ниту „седум на шест“ нападот, уште помалку „шест на шест“.
Поразот по 60 минути лавовска битка беше неизбежен, но не е светска трагедија – тоа е реална слика за моментните можности на оваа репрезентација. Затоа што смената на генерации беше неизбежна (без оглед на малата минутажа на помладите на ова СП), а таа секогаш носи со себе и цена што мора да се плати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА