Том Брејди испиша историја во НФЛ-лигата

Том Брејди продолжува да испишува историја и во дресот на Тампа Беј, откако легендарниот квотербек урна бројни рекорди на НФЛ-лигата како член на Њу Ингланд патриотс.

Брејди ја предводеше Тампа Беј до триумф во Вашингтон (23-31) во првата рунда од плејофот, а ветеранот воедно си обезбеди и место во историјата како највозрасен квотербек што фрлил тачдаун-додавање на еден плејоф натпревар. Брејди со додавањето до Браун го стори тоа на возраст од 43 години и 159 дена, уривајќи го претходниот рекорд на Џорџ Бланда, кој имаше фрлено тачдаун на 43 години и 108 дена.

Воедно, со тачдаунот во Вашингтон искусниот квотербек сега има постигнато тачдаун против 17 различни екипи во плејофот, уште еден НФЛ рекорд за извонредниот Брејди.

Се вчитува...