Том Брејди знае како да ужива во пензионерскиот живот откако големата НФЛ-ѕвезда реши да стави крај на неповторливата кариера. За многумина шокантно делуваше разводот на Брејди од сопругата Жизел Бундшен со која беше 13 години во брак, но спортската суперѕвезда неодамна си најде нова убавица, и тоа поранешната девојка на Кристијано Роналдо, Ирина Шаик.
Поранешната манекенка сега има 37 години, но се уште изгледа прекрасно. Американските таблоиди ги фатија Брејди и Шаик заедно на неколку различни локации во Лос Анџелес, потврдувајќи ги претходните гласини дека се во врска.
Шаик и Роналдо беа во врска нецели пет години, за Роналдо неочекувано да објави крај во 2015, по што Португалецот нешто подоцна почна романса со својата сегашна сопруга сопатничка.
Шаик, која сега има 37 години, беше во брак со американскиот актер Бредли Купер, со кого има и ќерка, но парот се разведе во 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА