Квотербекот на Њу Ингланд патриотс, Том Брејди, го предводе стигна до својот петти трофеј во Супербоул, водејќи го својот тим до најневеројатниот пресврт во историјата на финалињата во НФЛ – лигата. Но, по завршувањето на големиот меч и прославата што следеше со неговите соиграчи, воочи дека некој му го украл дресот, кој сакаше да го сочува за спомен.
„Некој ми го украде дресот. Еден ден сигурно ќе се појави на „eBay“ – изјави Том Брејди.
Њу Ингланд патриотс имаа негатива од 25 поени во текот на мечот, но успеаја да стигнат до израмнување (28-28), а во продолжението и да го победат тимот на Атланта фалконс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА