Том Брејди потпиша нов договор вреден 23 милиони долари

Легендата на Њу Ингланд Петриотс, Том Брејди се согласи на продолжување на догворот според кое во клубот ќе остане до 44-годишна возраст. Продолжувањето на две години се очекува да биде објавено во најскоро време.

Со новиот договор, платата на Брејди ќе биде зголемена од 15 милиони долари на 23 милиони долари годишно. Во февруари годинава, кога го освои шестиот Супер Боул, Брејди објави дека нема намера да се пензионира.

„Се обидувам да го направам најдоброт, но отавам преговирите да се движат опуштено“ – изјави Брејди пред неколу дена.

Брејди има девет Супер Боул финалиња и шест трофеи.

Се вчитува...