Том Брејди си купи клуб во ВНБА

Најдобриот квотербек во историјата и неодамна пензиониран НФЛ играч Том Брејди купил удел во ВНБА франшизата на Лас Вегас Ејс, потврди сопственикот Марк Дејвис.

Се чека официјалното одобрување на ВНБА за потврда за купувањето на дел од акциите од страна на Брејди. Актуелните шампиони во ВНБА во новата сезона влегуваат на 20. мај со дуелот против Сиетл Сторм.

„Многу сум возбуден што ќе бидам дел од оваа организација. Отсекогаш сум бил голем љубител на женскиот спорт, се восхитувам на работата во овој клуб, на девојките и на сите луѓе кои работат со нив. ВНБА продолжува да расте и да го развива спортот за следните генерации. За мене е голема чест што можам да придонесам за тоа како дел од тимот“, изјави Брејди.

Се вчитува...