Том Штарке се враќа од пензија, во редовите на Баерн Минхен за да го пополни местото на повредениот Мануел Нојер, кој ќе ќе отсуствува од терените најрано до јануари. Искусниот голман најверојатно ќе биде достапен за тимот уште утре, за средбата со Волфсбург во рамките од шестото коло од Бундеслигата.
36-годишниот чувар на мрежата ги „закачи“ ракавиците по крајот на минатата сезона, но сега мора да ги извлече „баварците“ од голманската криза. Моментално најдобра опција за Анчелоти е Свен Улрих, додека резервна варијанта е 17-годишниот талент Кристијан Фрухтл од академијата.
„Баерн може да се потпре на мене. Јас се пензионирав пред помалку од два месеци, се уште сум фит и можам да помогнам на тимот“, тврди Штарке.
Штарке беше поддршка за Нојер од сезоната 2012/2013, а со клубот од Минхен освои 13 трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА