Еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Тома Георгиевски веќе во првата своја сезона од преселбата во Италија дојде и до својот прв трофеј.
Георгиевски со Џенова ја освои титулата во шампионатот на Италија за фудбалери до 19 години, играјќи повеќе од значајна улога во својот тим на патот до трофејот.
17-годишниот Георгиевски фудбалски потекнува од школата на Њу Старс од Скопје од каде минатата година реализираше трансфер во Џенова. Претходно, со екипата на Њу Старс беше освојувач на младинскиот Куп на Македонија како и шампионската титула во младинска конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА