Томас Бах доаѓа во посета на МОК во 2025 година

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски доби позитивен одговор од страна на Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, на пролет 2025 година да дојде во Скопје, во работна посета на МОК, соопштија од Македонскиот олимписки комитет.

„Приоритет на оваа средба секако ќе биде зголемената финансиска поддршка на Олимпискиот план и програм на МОК за периодот 2025-2028 за кој МОК веќе доби зголемување од 10% во однос на финансиската поддршка од ИОК, за периодот 2020-2024. Многу важна тема на оваа средба ќе биде и поддршката, финансиска и логистичка, од страна на ИОК во насока на успешна организација на Европските младински Олимписки игри Скопје 2025.

Секако, поставувањето на фотоволтаичниот систем во Олимпискиот центар Јане Сандански за кој МОК доби почетна финансиска помош од ИОК, исто така ќе биде тема на оваа средба, во очекување на заокружување на финансиската конструкција за поставување на овој систем со кој ќе се заштедат многу финансиски средства кои ќе бидат насочени исклучиво за македонскиот спорт и македонските спортисти.“, стои во соопштението на МОК.

Се вчитува...