Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах најави заминување од таа функција во март 2025 година.
Германецот кој е поранешен олимписки шампион во мечување, а сега адвокат, дојде на чело на олимписката куќа во 2013 година, кога го наследи Жак Рог.
„Моето заминување е во интерес на олимпиското движење. Време е за нови луѓе, нови идеи“, рече Бах.
Некои делегати побараа да се смени правилото за ограничување на мандатот на претседателот на 12 години, но Бах не го прифати.
Новиот претседател ќе биде избран во март 2025 година во Грција, а прв фаворит е Кирсти Ковентри, поранешна олимписка шампионка во пливање од Зимбабве.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА