Американската кошаркарска на Про Баскет, Кајла Томас е најкориснатата кошаркарска за осмото коло во првата македонска женска лига остварувајќи индекс на корисост од 33 поени во натпреварот против Бадел.
Томас го предводеше својот тим до голема победа бележејќи „дабл-дабл“ учинок од 19 поени и 16 скокови на кои дополни и две асистенции со што се најде пред македонските кошаркарки Сања Адамовска и Цветанка Димова во изборот за најкорисна кошаркарка.
Покрај овие три, во петорката на колото место има и за Алексис Пул од Крива Паланка и Линзи Клири од Бадел 1862.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

