Раководството на Барселона е свесно дека претстои ремонт на кошаркарскиот тим во каталонскиот гигант по катастрофалната сезона во Евролигата и во шпанското првенство.
Откако беше именуван Сито Алонсо за нов тренер на местото на отпуштениот Барцокас, каталонците вниманието го насочија кон освежување на играчкиот кадар, а прво засилување на Барселона летово е Томас Ертел. Францускиот плејмејкер стигнува во Барса на барање на тренерот Алонсо, со кого имаше беспрекорна соработка во Басконија.
Тој потпиша двогодишен договор со Барселона, а останува да се види дали доаѓањето на Ертел ќе значи и заминување на Тајриз Рајс, кој привлекува сериозен интерес од челниците на Макаби, тимот што Рајс пред неколку сезони го искачи на врвот на Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА