Англискиот премиерлигаш Ливерпул ќе се обиде да доведе уште едно засилување до крајот на зимскиот преоден рок, а погледите на менаџерот Јирген Клоп се насочени кон Томас Лемар, крилниот играч на Монако. Тој подолг период се најавува како потенцијално засилување за „црвените“, во игра за негов потпис беше и Арсенал, но сега Ливерпул тргнува во потполна офанзива за да го доведе на „Енфилд роуд“.
Дека потписот е блиску говори и фактот дека британските обложувалници значително го намалија коефициентот за негово доаѓање во Ливерпул. Монако за него бара 90 милиони фунти, меѓутоа можно е Јирген Клоп и раководството на Ливерпул да добијат и одреден попуст за работата да се заврши оваа зима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА