Францускиот интернационалец Томас Лемар го напушта Монако и негова следна дестинација ќе биде Атлетико Мадрид, откриваат медиумите во Франција. Тој долг период се поврзуваше со можен трансфер во Арсенал и во Ливерпул, но преговорите пропаднаа. Тој се договори со раководството на клубот за личните услови, а во наредните неколку дена Атлетико Мадрид и Монако ќе треба да ги усогласат ставовите околу отштетата, по што трансферот треба и официјално да биде реализиран.
Најавите се дека по ангажманот на Томас Лемар, Атлетико Мадрид ќе му дозволи на неговиот сонародник Антоан Гризман да оствари трансфер во редовите на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА