Томас Милер и Баерн Минхен продолжуваат заедно

Легендата на Баерн Минхен, Томас Милер ќе остане дел од баварскиот гигант до 2025 година. Неговиот договор истекуваше на крајот на сезоната, но според доброупатениот Фабрицио Романо тој нема да биде слободен играч и ќе ја продолжи соработката.

Милер потекнува од младинската школа на Баерн Минхен, а сениорскиот настап го забележа во 2008 година. Оттогаш настапи на повеќе од 680 натпревари за тимот, освојуваќи го секој можен трофеј.

Се вчитува...