Светски познатиот германски фудбалер, член на германската фудбалска репрезентација и ФК Баерн Минхен, Томас Мулер на својот Facebook и инстаграм профил објави фотографија како појадува FAN мусли, подготвени по оригинална рецептура на „Виталија“.
Станува збор за специјална едиција на мусли, барови и мешавини за појaдок од германскиот гастроном Алфонс Шубек, подготвена за неговиот омилен фудбалски тим Баерн Минхен, а во партнерство со македонската производна компанија „Виталија“.
Тимот за развој на производи на „Виталија“, специјално за Алфонс Шубек, најдобриот и најнаградуван професионален готвач во Германија креираше 45 совршени и оригинални рецепти што сега ја сочинуваат линијата за здрава храна на Шубек, што предизвика големо задоволство помеѓу потрошувачите во Германија и Австрија.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА