Томас Парти останува дел од Арсенал

Томас Парти и во новата сезона ќе биде дел од Арсенал. Репрезентативецот на Гана ова лето се поврзуваше со трансфер во Саудиска Арабија, но тренерот Микел Артета ги отфрли гласините.

Шпанскиот стратег вели дека 30-годишникот е значаен дел од тимот и во новата сезона ќе смета на неговите услуги.

„Да, секој пат кога зборев со него го добивав истиот одговор. Тој сака да остане со нас. Нема ништо од гласините за заминување. Без двоумење, Томас Парти е многу значаен дел од тимот. Сите во клубот сакаме да биде дел од тимот и така ќе остане“, вели Артета.

Се вчитува...