Томас Тухел е позитивен на коронавирус

Менаџерот на европскиот шампион Челси, Томас Тухел е позитивен на коронавирус, потврдија денеска од лондонскиот клуб. Германецот е во изолација и се чувствува добро, но нема да може да го води совојот тим на денешниот меч против Плимут во ФА купот кој почнува за нешто помалку од половина час.

Денешниот натпревар сините од Лондон ќе ги води неговиот помошник Арно Микелс.

Се вчитува...