Англискиот премиерлигаш Саутемптон е во потрага по нов менаџер, откако се раздели со францускиот стратег Клод Пуел. Раководството на клубот се обидува да пронајде адекватно решение, но „светците“ нема да успеат да ја реализираат својата примарна цел, откако експресно беа одбиени од страна на Томас Тухел.
Доскорешниот тренер на Борусија беше посочен како најголема желба на Саутемптон за нов стратег, но Тухел експресно ги „олади“ газдите на овој клуб, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да се пресели во овој премиерлигаш.
Германецот се наметна како стратег кој форсира офанзивен фудбал, што секако е приоритет и за челниците на Саутемптон. Во опција се и Роџер Шмит, Франк Де Бур и Маурисио Пелегрино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА