Освоената титула во ФА Купот се чини дека нема да биде доволна за тренерот Ерик тен Хаг и во сезоната 2024/25 да остане на клупата на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
Новото раководство на клубот на чело со Сер Џим Ретклиф сака драстични промени на „Олд Трафорд“, а богатиот Англичанец има и своја желба за „жешкото столче“. Тоа е германскиот стратег Томас Тухел кој е без ангажман откако заврши неговиот мандат на клупата на Баерн Минхен.
Според англиските медиуми Ретклиф и Тухел веќе се сретнале во Монако каде Германецот го презентирал својот план кој треба да ја врати славата на Манчестер Јунајтед.
Конечната одлука за иднината на Ерик тен Хаг или дали Томас Тухел ќе биде нов тренер на славниот англиски клуб се очекува да биде донесена следната недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА