Евентуален неуспех на Баерн Минхен во осминфиналето од Лигата на Шампионите уште во среда може да донесе промена на тренерското место кај актуелниот германски шампион, откриваат тамошните медиуми.
Раководството на тимот најави заминување на Томас Тухел на крајот на сезоната, но доколку Германецот не успее да го препороди својот тим за утрешниот реванш натпревар против Лацио во кој баварците имаат негатива од еден гол (1-0) и се пласира во следната фаза ќе има ново лице во Минхен.
Станува збор за Арни Слот, 45-годишникот кој го предводи Фејенорд од 2021 година. На 139 натпревари забележа 88 победи, 28 нерешени натпревари и 23 порази, а минатата сезона го предводеше овој клуб и до шампионската титула во Холандија и финалето во Конференциската лига сезона претходно каде беше поразен од Рома.
Слот во кариерата покрај Фејенорд го предводеше и АЗ Алкамр.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА