Поранешниот репрезентативен голман и капитен на македонската селекција Томе Пачовски, е назначен за нов тренер на голманите на белгискиот тим Бершот. Пачовски досега работеше како тренер на голманите на младинската екипа на Бершот, а сега му е дадена довербата за првиот тим.
Бершот до минатата сезона се натпреваруваше во белгиската „елита“, а поради последното место испадна во понизок ранг. Амбициите се експресен „кам-бек“ во А првата дизивија на Белгија.
Пачовски покрај улогата тренер на голманите на Бершот, ја има улогата и тренер на голманите во А репрезентацијата.
Во минатото Пачовски беше и самиот дел од голот на Бершот, а бранеше и во Мехелен. Од македонските тимови беше дел од Пелистер, Работнички, а потоа и два пати во Вардар, каде што ја заврши својата кариера. За македонската репрезентација настапи 46 пати од 2006 до 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

