Томи Форд е победник на „снежната велеслаломска драма“ во американскиот ски-центар Бивер Крик. Домашниот натпреварувач заслужено стигна до победата, откако беше убедлив и во двете трки, и со вкупно време од 2:31.23 минути ја уништи конкуренцијата.
Второто место му припадна на Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој зад времето на победникот доцнеше 80 стотинки, додека третопласиран беше неговиот сонародник Леиф Кристијан Хауген, кој заостануваше секунда и дваесет и три стотинки зад времето на победникот.
Најдобрите алпски-скијачи во светот следниот викенд се селат на европско тло, каде во францускиот Вал Д’изер на програмата се трките во велеслалом и слалом.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА